25 Април, 2024
0.0494

МОМЧЕТО ОД КАВАДАРЦИ Е ВО ДОБРА СОСТОЈБА - паднало од прозорецот од вториот кат, потпирајќи се на комарникот

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Седумгодишното детенце од Кавадарци кое падна од вториот кат на својата семејна куќа, се чувствува добро, дознава Фактор од неофицијални извори.

Според нашите сознанија, детенцето е се уште хоспитализирано на Одделението за неврохирургија на Клиниката за детски болести во Скопје. 

Нашите информации говорат дека детенцето имало потрес на мозокот и сега се чувствува добро, но дека лекарите препорачуваат да се следи состојбата, па од тие причини ќе треба и денешниов ден да го помине во болница. Во болницата во Скопје се и неговите родители, кои заедно со лекарскиот тим, ја следат неговата состојба.

Инаку, Фактор дознава дека седумгодишното детенце всушност не паднало од тераса, туку од прозорецот од вториот кат на неговата семејна куќа во Кавадарци.

До несреќата дошло откако момченцето се потпрело на мрежата, односно на комарникот кој бил поставен на прозорецот, не знаејќи дека тоа може да биде опасно, по што тој се отворил и детето паднало на бетонска плоча, но на нивото од првиот кат на куќата. Или, прецизно, висината од која паднало момчето била 2,3 метри. Според познавачите, оваа не е опасна висина, но проблемот е што падот бил на бетонска плоча. 

Сепак, најважно од се е што момченцето сега се чувствува добро. Фактор му посакува брзо оздравување. 

Н.Н.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови