МОНОПОЛ, КОРУПЦИЈА: Разочарани од Албанија, не сакаат таму да ги оставаат своите пари
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2019
Монопол, нелојална конкуренција, корупција, државна бирократија и неформалната економија се проблеми со кои се соочуваат странските инвеститори, информираат од Албанската асоцијација на инвеститори.
Бизнис климата ја оценуваат како неповолна. Странските инвеститори требало да дадат оценка од 0 до 100, при што е добиен просечен резултат од 39 поени.
За втората половина од годинава се очекува подобрување и индексот да порасне на 45.
Инвеститорите бараа земјата да излезе од политичкиот ќорсокак, кој им пречи во нивното работење. Тие се разочарани од несигурноста во Албанија.