Монструозно убиство во Нови Сад: Пред децата си ја убил сопругата, бабата и дедото
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2019
Вулканизерот Горан Јанковиќ (37) најверојатно го извршил масакрот во Нови Сад кога упаднал во родителската куќа на својата сопруга Мирјана Јанковиќ (32) и ги убил неа и нејзините родители 57 годишниот татко и исто толку годишната мајка.
За да биде поголема трагедијата , стравичниот злостор го гледале синовите на Горан и Мирјана, а постарото момче успеало некако да дојде до телефон и да го повика својот вујко на помош. За жал било предоцна.
-Се претпоставува дека прво го убил дедото . Потоа на Мирјана и ја смлечкал главата а на крај и пресудил и на бабата. Крв било насекаде а најужасно било што децата биле присутни . Кога влегол во куќата вујкото кој пристигнал за само неколку минути, едното дете било во креветот со мајката , а другото со бабата, пишуваат српските медиуми.
Пријателите на убиеното семејство рекле дека Мирјана и Горан неколкупати се разделувале и смирувале, бидејќи тој бил насилен.
Полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм. Патролите ги запирале и претресувале скоро сите автомобили. Градот го надлетувале и хеликоптери а во потрагата за Јанковиќ се вклучила и војската.