23 Мај, 2025
0.0344

МОРЕТО, ПЛАТИТЕ, ПОЗНАВAЊЕТО НА ЈАЗИКОТ: Сето ова ги „мами“ Македонците на работа во Хрватска

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2022 07:37

Добивај вести на Viber

Добрите плати, близината, шансата целo лето да бидат на море, но и познавањето на хрватскиот јазик е она што ја прави Хрватска атрактивна за Македонците.

Се пријавуваат млади, но и луѓе во средни години. Обично преку лето работат во кујна, ги ангажираат како келнерки, собарки, готвачи, а заработуваат над 800 евра и се задоволни. Aко ги погледнеме тековните огласи, во градот Дубровник се бараат келнери, бармени, готвачи, додека чистачки и собарки бараат за работа на островот Брач.

„Има повеќе фактори кои ја прават Хрватска атрактивна. Пред сѐ тука се платите,  и добро е тоа што работниците имаат обезбедено сместување, храна, така што парите кои ги заработуваат им остануваат чисти. Младите сакаат да бидат близу море, но не се само младите, се пријавуваат и повозрасни луѓе, а целта е да заработат повеќе“, вели Тамара Стојковиќ која работела во Хрватска, а воедно и посредува на други лица за наоѓање на работа.

За работа во Германија поради ковид мерките има одреден застој, додека заминувањето во Хрватска е полесно.

„Има луѓе кои сакаат да работат во Германија, но за во Германија за работните места кои вклучуваат комуникација со странки се бара познавање на јазик, и доколку не го знаат јазикот, а знаеме дека германскиот јазик е тежок, има падежи, и ние не го среќаваме во секојдневието како англискиот на пример, и затоа решаваат да се обидат да заминат во Хрватска. Со јазикот таму немаат проблеми, затоа што можат да се разберат, да комуницираат нормално“, вели Марија Велковска, менаџер во агенцијата за посредување  за работа во странство 44 Energy and Staff од Скопје.

Таа објаснува дека после март се очекува олеснување на ковид мерките во Германија, на чиј пазар на труд ќе бидат потребни голем број работници, и тогаш Македонците помасовно ќе можат да заминуваат на работа во оваа земја. 

Дека македонските граѓани сакаат да работат во Хрватска, покажува и фактот дека во оваа балканска земја најмногу сезонци има од Македонија, БиХ и од Србија. Хрватите ги соопштија овие податоци по одржувањето на онлајн саемот на сезонски работни места „Сезонац.хр“. Тој се одржа од 26 јануари до 4 февруари, во организација на порталот „Мој посао“. Пoсетителите на саемот можеа да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување. Најбарани сезонски работници во Хрватска се: собарка, продавач, келнер, рецепционер и готвач. Собрани се повеќе од 11.000 апликации за огласените работни места.  Хрватските хотели поради недостиг на работници останале без 100 милиони евра, пишуваа тамошните медиуми. Пред неколку години Хрватска имаше потреба од 40.000 сезонски работници.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia

Можеби ќе ве интересира

СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ - КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети

СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ - КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети

И ПОКРАЈ БОЈКОТИТЕ: Цените на храната во Европа и на Балканот се неоправдано високи

И ПОКРАЈ БОЈКОТИТЕ: Цените на храната во Европа и на Балканот се неоправдано високи

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ АКО НЕ МОРААТ: „Кој би ангажирал стар човек, кој не се разбира во технологија?“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ АКО НЕ МОРААТ: „Кој би ангажирал стар човек, кој не се разбира во технологија?“

СЕМЕЈСТВАТА СЕПАК ТРЕБА ДА ИМААТ КЕШ: Централната банка на Холандија oбјасни колку пари треба да чуваат под перница

СЕМЕЈСТВАТА СЕПАК ТРЕБА ДА ИМААТ КЕШ: Централната банка на Холандија oбјасни колку пари треба да чуваат под перница

СВЕТОТ Е ВАША КАНЦЕЛАРИЈА: Ова се најбараните професии што можете да ги работите од која било локација

СВЕТОТ Е ВАША КАНЦЕЛАРИЈА: Ова се најбараните професии што можете да ги работите од која било локација

РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?

РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: За колку е зголемена во однос на лани?

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: За колку е зголемена во однос на лани?