Москва ја зајакнува војската – нов план за одбрана на Русија
Објавено во: Стил
13 Јануари, 2015 14:01
Добивај вести на Viber
Руското министерство за одбрана ќе состави нов план во периодот од 2016 до 2020 година според кој ќе се зајакне одбраната на земјата, изјави денес рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
„Мора да составиме нов план за одбрана на Руската Федерација во периодот од 2016 до 2020 година и да обезбедиме правовремено издавање и задолжително исполнување на државните одбрамбени наредби во 2015 година во врска со современите модели на вооружување и воената опрема“, нагласил Шојгу.
Тој додал дека руската војска оваа година ќе добие околу 700 нови оклопни возила и околу 1.500 останати возила, 126 авиони, 88 хеликоптери и два ракетни системи „Искендер – М“.
Истовремено морнарицата ќе добие две нови подморници и пет борбени бродови, пренесува агенцијата „Итар – Тас“.
Во сибирската област Јенисејск за време на оваа година ќе биде поставена радарска станица „Вороњеж – ДМ“, а уште една таква станица ќе отпочне со работа во Бараул, во регионот Алтај.
Двете станици ќе бидат активирани пред планираниот рок, нагласил Шојгу.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: