18 Октомври, 2019
0.0347

МОСТАРЦИ ИМ ОЧИТАА ЛЕКЦИЈА НА ХРВАТИТЕ: Им нуделе работа на море, но за какви плати?

Објавено во: Финансии, Балкан 30 Мај, 2019

Во Далмација фалат работници, а кадрите од БиХ ги исполнуваат сите критериуми, но се поставува прашањето како им се исплати да работат како келнери за 650 евра, ако за истото добиваат 2.000 евра во Германија. 

Сплитски дневник разговарал со човек кој има 20 години искуство, но наместо Хрватска или Германија, го избрал Мостар. 

„Не е дека не сум имал понуди. Пред недела дена човек од Брач инсистираше да работам кај него, во ресторан на што реков дека имам жена и деца, но ми понуди стан и за неа ми понуди да чисти апартмани. Морав да го одбијам, толкава плата ќе заработам и во Мостар во сезона, и дома сум. Не знам, да сум млад можеби би размислил заради морето, но вака не би отишол“, вели тој. 

Додава дека имаат гости, добиваат бакшиш, платата му е зголемена и не сака да замине од Мостар. Освен искусни келнери, Мостар е полн со студенти кои сезонски сакаат да работат. 

„Се исплати за некој кој не бара многу. Да си го платиш факултетот и нешто за себе да заштедиш. Платите не се нешто големи“, вели 21 годишниот Матео, студент од Мостар. 

Тој додава дека оние кои лани биле сезонски во Хрватска, сега не сакаат да одат затоа што платите им се мали. 

Можеби ќе ве интересира

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода