MOЖАТ ДА БИДАТ ВАШ ДОМ: Ова се дестинации каде се нудат бесплатни куќи
Објавено во: Свет 24 Септември, 2019
На неколку места во светот за да се реши урбанизацијата, да се подобри демографската слика и да се обезбеди работна сила, бесплатно се нудат куќи.
Таков е регионот Молисе во Италија. Таму се нудеа по 700 евра месечно, ако некој се реши да се досели во селата и тоа за период од три години. На Сицилија исто така се нудеа куќи по цена од едно евро. Градовите Самбука и Мусомели нудеа на продажба стари имоти со надеж дека ќе дојдат до нови жители.
Каитангата во Нов Зеланд со само 800 жители и многу работа, нудеше 156.000 долари на секој нов жител.
И во делови на САД и Јапонија имаше слични мерки.