19 Април, 2024
0.0257

Може ли „Еуросиг“ без инфузија од газдата?

Објавено во: Економија 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Оваа осигурителна компанија лани имала загуба поголема од 1 милион евра, во мај од Агенцијата за капитално осигурување добила наредба да се докапитализира со свежи 865.000 евра затоа што било загрозено нејзиното работење бидејќи нејзиниот капитал бил под износот што е утврден како законски минимум. Ревизорите утврдиле дека „Еуросиг“ купила земјиште за 1,8 милиони евра, цена што според нив е значајно повисока од референтните пазарни цени

Осигурителната компанија „Еуросиг“ добила наредна од Агенцијата за супервизија на капиталното осигурување да се докапитализира со 865.000 евра за да го исполни законскиот минимум согласно со законската регулатива според која капиталот на друштвото мора да биде најмалку 3 милиони евра, а кај оваа компанија при проверката бил помал од законскиот минимум, ова го констатирал независниот ревизор во својот извештај за работењето на „Еуросиг“ за 2017 година. 

Ревизорот во својот наод нашол дека постои материјална несигурност која може да наметне значајно сомневање во способноста на друштвото да ги реализира своите средства и да ги подмирува обврските. Ревизорите нотирале дека иднината на друштвото е директно поврзана од волјата на акционерот – матичната компанија од Албанија. Ревизијата не утврдила поткрепа во доставената документација од која може да произлезе заклучок дека друштвото може да изнајде континуирани извори на финансирање, освен поддршката што ја прима од единствениот акционер.

Потврда на тоа дека состојбата на „Еуросиг“ не е добра се наоѓа и во наредбата што ја издала Агенцијата за супервизија на барала друштвото до крајот на мај да се докапитализира со цел да може непречено да работи. „Еуросиг“ на своето акционерско собрание донел одлука за емитување на нова емисија акции преку приватна понуда за познат купувач, а нивното Барање за нова емисија го одобрила Комисијата за хартии од вредност кон крајот на јуни годинава. Сега останува да се реализира емисијата и да се заврши процесот со докапитализација. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста побара од АСО одговори во врска со статусот на „Еуросиг“.

Меѓу повеќето забелешки во извештајот на ревизорите е нотирано дека друштвото купило земјиште во една општина и за тоа платило 1,85 милиони евра. Според ревизорите таа цена е значително повисока од референтната пазарна цена на земјиште во таа општина. И не само тоа, со ова купување е надминат законскиот лимит според кој најмногу до 60 отсто од капиталот да биде во недвижности. Според ревизорите на крајот на 2017 година вредноста на недвижностите на друштвото изнесува 76 отсто од капиталот. 


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји