16 Април, 2024
0.0340

Може ли Макрон „да го притисне“ дијалогот меѓу Белград и Приштина?

Објавено во: Балкан 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека се надева оти францускиот претседател Емануел Макрон, кој денес доаѓа во Белград, да ја прекине „играта“ за таксите на Приштина за српските производи.

Дачиќ, одговарајќи на прашањето дали Франција може да влијае врз Приштина да ги укине даноците за да продолжи со преговорите со Белград, изјави за Блиц дека се надева дека одговорот на оваа прашање ќе го добие директно од францускиот претседател.

„Никој не може да ме убеди дека Западна Европа, од кои Франција е еден од лидерите, како и САД, дека не може да го принуди Рамуш Харадинај, да ја смени административната одлука, со која осум месеци се скрши најважното политичко прашање“, рече Дачиќ.

Според него, Белград „никогаш од една страна од овие адреси не добил убедлив одговор од каде оваа немоќ“. Дачиќ потенцираше дека очекува од Макрон да ја заврши оваа игра и да даде сигурност дека оваа болна и непријатна епизода наскоро ќе заврши.

Исто така, министерот за надворешни работи потенцираше дека оваа посета на францускиот претседател, Емануел Макрон е една од најзначајните посети на странски државници во последната деценија и дека Белград му придава големо значење бидејќи има големи очекувања од посетата и средбата.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево