Можен скок на цените на станови, на градежниците им е малку градење во Скопје
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2019
Поставуваат ли инвеститорите во градежниот сектор ултиматум до општините?
Ова прашање се наметнува откако консултанти за комерцијални недвижности од предупредуваат скок на цените на станови во три скопски општини.
Карпош, Аеродром и Центар може да се соочат со покачување на цените на становите ако општините не почнат да им даваат дозволи за градба, предупредуваат од Фортон.
Дел од консултантите тврдат дека градежниот сектор се жали на неможност за добивање дозволи за градба поради неиздавање на ДУП-ови а како што се потенцира тоа им донело штети од неколку милиони евра.
Само минатата година во главниот град биле издадени околу 4000 дозволи за станови а ако сакате да купите стан најскапо ќе ве чини во Карпош и Центар, но и Аеродром и Кисела вода.