Можни терористички напади за празниците во балканска земја
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2018
Можно е да има терористички напади во Црна Гора.
Aмериканската амбасада во Подгорица ги предупреди своите државјани на можност од терористички напади во Црна Гора за време на празниците, пренесе порталот „ИН4с“.
„За време на празниците, сигурносните мерки во Црна Гора остануваат зголемени поради закани за меѓународни терористички групи и поединци ширум Европа инспирирани од екстремистичка идеологија. Екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристичките места, трговските центри, аеродромите, рестораните, верските објекти, местата за транспорт“, предупреди Амбасадата на САД.
Се наведува дека до граѓаните кои се државјани на САД испратено е предупредување и преку електронска пошта.
Амбасадата на САД во Виена деновиве издаде официјално предупредување поради опасност од тероризам во Австрија во предбожиќниот период.
фото Википедија