22 Септември, 2020
0.0435

Mozzart донираше пакети овошје во повеќе болници низ државата

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2020

Во последната акција во рамки на Mozzart пакетот помош од над 50.000 евра за борба против коронавирусот, вработените на оваа компанија доставија неколку тони овошје во повеќе болници ширум земјата.

Од појавата на пандемијата во нашата држава, компанијата Моzzart постојано организира различни акции, помагајќи ги здравствените установи, медицинскиот персонал и најранливите категории. Последна во низата акции е доставата на пакети овошје на здравствените работници кои деноноќно водат борба со коронавирусот. Донациите се реализирани во повеќе болници низ државата, кои се директно инволвирани во справување со оваа ситуација.

Инаку, витаминските пакети со свежо овошје се само дел од акциите кои компанијата Mozzart ги организираше изминатиов период.

„Општествено одговорните активности не запираат, а овој пат ги посветивме на нашите херои – здравствените работници кои работат 24/7 и се борат против овој вирус, давајќи огромна жртва за сите нас, максимално вложени во својата работа. Со овој знак на внимание сакаме да им изразиме голема благодарност, а ние продолжуваме и понатаму да придонесуваме кон општеството во кое делуваме и преку различни акции да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Досега се донирани неколку тони свежо овошје распределено во повеќе болници низ државата, а меѓу нив се Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Градската општа болница „8ми Септември“, Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, Општата болница во Струга, Клиничката болница во Штип...

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а покрај донациите на пакети свежо овошје, реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.

Можеби ќе ве интересира

Црвен Крст – Кисела Вода ја сними песната „Подавај рака“

Црвен Крст – Кисела Вода ја сними песната „Подавај рака“

Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

Не пропуштајте: Утре е светската премиера на новата Opel Mokka

Не пропуштајте: Утре е светската премиера на новата Opel Mokka

Централната Управа на ПроКредит Банка сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE

Централната Управа на ПроКредит Банка сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE

Како стои Huawei во Европа

Како стои Huawei во Европа

Започнува продажбата на новиот HUAWEI WATCH FIT на македонскиот пазар

Започнува продажбата на новиот HUAWEI WATCH FIT на македонскиот пазар

Започнува кампањата Back to School

Започнува кампањата Back to School

ЌЕ СЕ ОДРЖИ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТСКА АВАНТУРА

ЌЕ СЕ ОДРЖИ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТСКА АВАНТУРА

Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина