20 Април, 2024
0.0262

Mozzart купи потпишана слика од репрезентацијата во хуманитарни цели за малиот Јаков

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Хуманитарната аукција е успешно завршена, за лечење на малиот Јаков одат 2.000 евра.

Mozzart се приклучи на хуманитарната аукција за помош на малиот Јаков и ја купи сликата со Македонските фудбалски репрезентативци и нивните потписи. Почетната цена на аукцијата беше 1.000 евра, а компанија Mozzart го дуплираше износот кој ќе се донира во хуманитарни цели.

На сликата ги има фудбалерите на Македонија заедно со селекторот кои беа дел од Европското првенство. Станува збор за дигитален принт на платно, векторска илустрација во рамка која е единствен примерок.

Аукцијата која траеше 24 часа преку Твитер профилот ја спроведе креаторот на сликата Бобан Алексовски, а завршена е утрово, кога понудата на компанија Mozzart е прогласена за највисока.

„На учество во аукцијата се одлучивме првенствено поради тоа што е од хуманитарен карактер, со желба да ја разбудиме општествената одговорност кај поединците, компаниите и организациите. Mozzart веќе долги години помага на многу организации и установи, онаму каде што е најмногу потребно.  Се приклучивме на лицитацијата со желба не само да го зголемиме износот за малиот Јаков, туку и да ја зголемиме свеста за тоа колку е потребно сите да бидеме единствени и со заеднички сили да даваме континуирана поддршка на вакви акции.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart.

Малиот Јаков на само 2 години мораше да помине низ 2 тешки операции за два пати да му биде отстранет тумор, при што мораше да го изгуби и едниот бубрег. Јаков мора итно да замине во странство за да го продолжи своето лекување, а поради тоа потребни се повеќе финансиски средства. Вклучете се и донирајте на следнава жиро сметка: Стопанска Банка – 20000 148 174 0176 – Елена Јанакиев, IBAN – MK0720000 387 639 2077 (SWIFT Cod – STOBMK2X). 

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга