20 Април, 2024
0.0252

MOZZART со донација од 10.000 евра за Општата болница во Куманово

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Mozzart која во заедницата се истакнува со своите општествено одговорни активности, со хуманитарните акции не запира и за време на пандемијата на коронавирусот, која целосно го стопираше нивното работење.

Лидерот во областа на приредување на игри на среќа – Моzzart Bet, подготви вкупна донација за болниците во износ од 50.000 евра, а дел од овие средства се донираа во Општата болница во Куманово.

„Како директор на ЈЗУ Општа Болница Куманово, во име на целиот персонал сакам јавно да се заблагодарам на спортските обложувалници Mozzart кои пријатно не изненадија со нивниот хуман гест да и донираат на нашата болница парични средства во вредност од 10.000 евра. Овие средства ќе бидат искористени за набавка за опрема за лична заштита на нашите вработени кои се во директен контакт со заболените од COVID-19, односно се во директен фронт со овој невидлив непријател, како и за набавка за средства за дезинфекција! Ви благодариме од срце за донацијата која е од големо значење за борбата против вирусот COVID-19!“ – изјави директорката на Општата болница во Куманово – Д-р Снежана Захариева.

Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, Мozzartистакна дека предвидените средства наменети за македонските болници се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

„Давајќи ја нашата несебична поддршка за непречено функционирање на нашиот здравствен систем во овие тешки и кризни моменти, вложуваме максимален напор во борбата со овој голем непријател. Се надеваме дека со оваа донација, ќе придонесеме во полесно справување со предизвикот кој ни претстои. Како и целиот свет и нашата земја не е одмината, а ваквите хуманитарни акции се од огромно значење. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Досега Mozzart донираа 15.000 евра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје и 10.000 евра на Општата болница во Куманово. Во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации во вкупен износ од 25.000 евра, наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и ќе продолжи со хуманите гестови кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга