МСЦИ: Грција од развиена држава стана пазар во развој
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2013
Грција е првата развиена држава чиј статус е намален на пазар во развој.
Њујоршката компанија МСЦИ на такво намалување на статусот се одлучи откако грчкиот индекс на акции се намали за 83 отсто од 2007 година, јавија американски медиуми.
Грција не успеа да исполни критериуми поврзани со позајмување на хартии од вредност, кредитни олеснувања и продажба на обврзници, ссоопшти компанијата МСЦИ чии индекси на акции ги следат инвеститори со вкупно богатство од седум билиони долари.
Рејтингот на Катар и ОАЕ е зголемен на статус „пазари во развој“ додека рејтингот на Мароко е намален на „граничен пазар“ .