01 Април, 2020
0.0318

МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2020

Министерството за труд и социјална политика, ги повикува Општините коишто претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот.

Една од главните цели на Проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од 5 години.

Приоритетни социјални услуги коишто ќе бидат финасирани се: услугите во домот-лична асистенција и помош и нега во домот, како и услугите во заедницата-дневни услуги/дневни центри и поддржано живеење.

На Општините коишто ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на компанија ангажирана за таа цел во рамките Проектот, како  и поддршка од страна на лицата ангажирани во рамките на проектната единица.Повеќе информации и формуларот за аплицирање ги има на следниот линк: http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-123javen-povik-do-opshtinite-i-opshtinite-vo-gradot-skopje-vo-republika-severna-makedonija-da-izraza.nspx


Можеби ќе ве интересира

ВАКОВ ПАД НЕМАЛО СКОРО 20 ГОДИНИ: Нафтата чини помалку од 23 долари

ВАКОВ ПАД НЕМАЛО СКОРО 20 ГОДИНИ: Нафтата чини помалку од 23 долари

ССК: Се оградуваме од владиниот сет мерки, баравме системска поддршка, а не делумна помош

ССК: Се оградуваме од владиниот сет мерки, баравме системска поддршка, а не делумна помош

Заев откако не му беа прифатени сите предлози: Драго ми е што се усвоија голем дел од мерките

Заев откако не му беа прифатени сите предлози: Драго ми е што се усвоија голем дел од мерките

Жозеп Борел: Северна Македонија се приклучува во санкциите против Турција

Жозеп Борел: Северна Македонија се приклучува во санкциите против Турција

Јавната администрација куртули, функционери на минималец, половина плата за тие што изгубиле работа

Јавната администрација куртули, функционери на минималец, половина плата за тие што изгубиле работа

ЕКСКЛУЗИВНО: За фирмите субвенции за секој вработен, за функционерите само минимална плата во април и мај

ЕКСКЛУЗИВНО: За фирмите субвенции за секој вработен, за функционерите само минимална плата во април и мај

Раст на цените го прекина тргувањето на Македонска берза

Раст на цените го прекина тргувањето на Македонска берза

ИНВЕСТИЦИИ, ЕВТИНИ КРЕДИТИ И ИЗВОЗ - бизнисот кажа што ќе ни донесе НАТО

ИНВЕСТИЦИИ, ЕВТИНИ КРЕДИТИ И ИЗВОЗ - бизнисот кажа што ќе ни донесе НАТО

Во живо: Прес конференција на премиерот Спасовски - нови економски мерки

Во живо: Прес конференција на премиерот Спасовски - нови економски мерки