Министерство за труд вработува четири лица, нуди плата од 35 000 а ова се условите
Објавено во: Финансии 28 Јули, 2018
Деновиве зачестија огласите за вработувања во државните институции, агенции и министерства,
Пред два дена, оглас за вработување на четири лица пуштија и од Министерството за труд и социјална политика.
Според наведеното кандидатот треба да биде државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Како посебни услови пак се истакнуваат: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 1 80 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Животна средина, Општествени науки, филозофија родови студии со или без работно искуство.
Детално погледнете го огласот овде.