20 Април, 2024
0.0267

Му се потсмеваат, но Трамп сака да го купи Гренланд

Објавено во: Свет 16 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. 

Американските медиуми пишуваат дека Трамп веќе контактирал со данското кралство, во чии рамки влегува овој автономен остров. Трамп од своите советници побарал да ги истражат придобивките од поседувањето на Гренланд.

Оваа идеја на Трамп за данските политичари е само првоаприлска шега во погрешно време. Дел од нив преку медиумите и социјалните мрежи коментираат дека идеата Данска да продаде 50.000 свои државјани на САД е апсолутно луда.

Поранешниот дански премиер Ларс Локе Расмусен е еден од неколкуте дански политичари кои денес изразија сомнеж околу наводниот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.

Аја Кемниц Ларсен, една од двајцата гренландски пратеници во данскиот парламент, исто така ја отфрли дејата.

„Не, благодарам за Трамповото купување на Гренланд! Токму спротивното, подобро и порамноправно партнерство со Данска би требал да биде патот кон посилен и долгорочно понезависен Гренланд“, напиша Ларсен на Твитер.

Мартин Лидегард, пратеник на Социјално-либералната партија, која ја поддржува малцинската влада, и поранешен министер за надворешни работи, се надева дека интересот на Трамп е шега.

„Трамп да го купи Гренланд? Се надевам дека тоа е шега, но секако е ужасна идеја, со ризик за милитаризација на Гренланд и помала независност на гренландскиот народ, но и голема загуба за Данска“, напиша Лидегард.

Амбасадата на САД во Копенхаген не коментираше, но поранешниот американски амбасадор во Данска Руфус Гифор изјави дека идејата за купување на Гренланд е „тотална катастрофа“.

Ова не е прв пат САД да покажат интерес за купување на островот Гренланд.

Американскот претседател Хари Труман во 1946 година понудил 100 милиони долари за да го купи Гренланд.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато