МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ СМРТНА КАЗНА, НО ДЕНЕСКА СЕ ВРАТИ ДОМА - Вјекослав Пребег стигна во Хрватска, брза помош го однесе во болница
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2022
Вјекослав Пребег, хрватскиот државјанин кој во мај беше заробен кај Мариупол во Украина и му се закануваше смртна казна, денеска се врати во Хрватска.
На аеродромот го пречека Брза помош и го пренесе во КБ Дубрава.
Бребег бил заробен во близина на Мариупол и обвинет дека учествувал во соборувањето на владата како украински платеник, и му се заканувала смртна казна. Во август тој се изјасни за невин на судот во Доњецката Народна Република, каде што му се судеше заедно со еден Швеѓанец и тројца Британци.
Хрватска претходно најостро го осуди обвинението против Пребег, кој беше приведен во таа самопрогласена република. Хрватската влада претходно соопшти дека е во континуиран контакт со украинските власти и други партнери со цел расветлување на случајот и ослободување на Пребег.
Меѓу ослободените има и американски, британски, шведски и марокански државјани
Гардијан објави дека американски, британски, шведски, хрватски и марокански државјани се ослободени.
Ослободувањето дојде по посредство на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, изјави саудиски официјален претставник.
Извор: Индекс.хрФото: Принтскрин Индекс.хр