24 Април, 2024
0.0264

Мухамед Халили: Бугарија ни даде неподвижни руски тенкови за кои плативме илјадници евра за да ги стопиме

Објавено во: Македонија 18 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Мухамед Халили, новоизбраниот претседател на Советот на амабасадори, смета дека Македонија три децении била во заблуда дека односите со Бугарија се „братски“, додека за европерспективата вели дека во овој период се поизвесно е дека регионот Западен Балкан не влегува во плановите за интегрирање во ЕУ.

– Проблемот со Бугарија многу ми личи на описот на настаните во расказот на Веркор „Молкот на морето„. Според расказот кога нема плими и осеки морето на површина изгледа мирно, но во длабочина има невидлив жив свет и активности. Три децении мислевме дека со Бугарија односите ни се нај-нај, во 1999 „како браќа“ ни поклонија 145 неподвижни руски тенкови исфрлени од употреба согласно НАТО стандардите за кои на Железара и плативме илјадници евра да ги стопи; секогаш беа за Македонија во НАТО и ЕУ, и одеднаш, стана проблем. И тоа не ми е јасно: како големата братска лубов ненадејно се претвори во внатрешен меѓусебен гнев?

Што се однесува за второто: ЕУ веќе не е истата кога станува збор за проширувањето. Сега многу јасно се гледа дека синтагмата „На Западен Балкан местото и е во ЕУ“ не го одразува тоа што во наше отсуство го дискутираат лидерите на земјите кои одлучуваат по тој проблем и оттука доаѓаат понудите од нивна страна за привилегирано партнерство, балкански мини- Шенген, реформи во ЕУ и др. Едноставно во нивни очи ние како Западен Балкан сме регион на немири, војни, кавги, корупција, дрога, сиромаштија, партизација, непотизам, злоупотреба на судскиот систем. И тоа тие го изразуваат со поставување на услови и норми кои треба годишно да ги исполниме кон патот на евроинтеграциите, вели дипломатот во интервјуто за „Слободен печат“.

Смета дека актуелниот вицепремиер за евроинтеграции и поранешен министер за надворешни работи Никола Димитров не бил подготвен за сценариото дека Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот кон зачленувањето во Европската унија.

„Според мое мислење, иако добар дипломат, тој го занемари бугарскиот ризик за блокада кој се појави уште во март минатата година на Загребскиот Самит, нарекувајќи го како билатерален, што во суштина и е, но со погрешна проценка дека не може да има рефлексии кај другите земји членки на Унијата и дека може да го блокира процесот. Сега во последно време гледам дека кај него постои извесен скептицизам во однос на одредени ставови на некои земји членки на Унијата во однос на нивната реална поддршка на нашиот пат кон ЕУ“, вели Халили, коментирајќи го профилот на Димитров.

Според дипломатот, за Македонија парадоксално е тоа што има специјален претставник за односите со Бугарија во Владо Бучковски а нема редовен амбасадор во Софија.

„Лично сметам дека именувањето на една личност за специјален претставник за решавање на проблемот не претставува ништо во отсуство на именуван амбасадор во таа земја. Македонско-бугарскиот спор не е само спор чиј е Гоце Делчев како што пренесуваат кабловските медиуми, туку подлабок и поширок геополитички спор на економско, воено, политичко, инвестицијско влијание во регионот, културен спор, и др“, додава Халили на едно од прашањата во интервјуто за Слободен Печат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП