20 Април, 2024
0.0277

Мухамед Зеќири по изборот на новата функција: Огромна чест и уште поголема обврска

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Мухамед Зеќири, потпретседателот на СДСМ, објави дека му претставува огромна чест изборот за нов генерален секретар на Владата на местото на Драги Рашковски.

„Денес од Владата на Република Северна Македонија бев именуван за нејзин Генерален секретар. Огромна чест и уште поголема професионална обврска на патот кон реализација на зацртаната Програма за нашата држава. Благодарам за довербата!“, напиша доскорешниот пратеник на својот профил на Фејсбук.

Од друга страна се уште нема коментар од Рашковски по завршувањето на неговата функција.  Премиерот Зоран Заев пред еден месец рече дека генералниот секретар Драги Рашковски си поднел оставка уште пред месец и пол дена, но дека не му се прифаќа додека не биде пронајдена негова замена.

- Рашковски поднесе оставка пред месец и пол и ќе ја извршува функцијата додека не дојде нов генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар но немаме донесено се уште одлука. Штом ќе ја донесеме, таа одлука ќе ја соопштиме, рече Заев.

Доскорешниот министер за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски се споменуваше како можна замена за Рашковски, но во меѓувреме тој пронајде ангажман во приватниот сектор, додека за Зеќири се шпекулираше дека ќе биде директор на Фондот за здравствено осигурување, откако минатиот месец си поднесе оставка како пратеник.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите