МУХАМЕДИ, МЕХМЕТИ, АПАСИЕВ.... Еве што имаа да кажат за Груби и црната листа
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024
Откако вчера Артан Груби беше ставен на црната листа на САД, пристигнаа лавина реакции.
Се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој на социјалните мрежи напиша: Само нежно со ГРУБИ.
Се огласи и поранешниот советник на Арсовска, Умејр Мухамеди.
Тој напиша Нема поголем антиалбанизам кога името на Албанец е токму поврзано со Сашо Мијалков.
Со став и Замир Мемети, брат на Ермира Мемети, поранешна членка на ДУИ.
Артан, каменот од блиску доаѓа!, напиша тој.