01 Октомври, 2022
0.0238

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам - ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Муслиманските верници во Република Македонија и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. 

 Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот.

Во текот на Рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИШЕН ТИНЕЈЏЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА, две момчиња од Желино излетале од патот

СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИШЕН ТИНЕЈЏЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА, две момчиња од Желино излетале од патот

ПЕНДАРОВСКИ СО ГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ ЈА СЛУША ФОН ДЕР ЛАЈЕН, средба во Софија со фокус на скринингот и енергетската криза

ПЕНДАРОВСКИ СО ГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ ЈА СЛУША ФОН ДЕР ЛАЈЕН, средба во Софија со фокус на скринингот и енергетската криза

ОДСАБАЈЛЕ СОНЧЕВО, ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ, можна е појава на невреме во одредени региони

ОДСАБАЈЛЕ СОНЧЕВО, ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ, можна е појава на невреме во одредени региони

РАСКОЛ ВО ДУИ, МУСА ЏАФЕРИ СО УЛТИМАТУМ: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира

РАСКОЛ ВО ДУИ, МУСА ЏАФЕРИ СО УЛТИМАТУМ: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира

Попис 2021: Во брачна задница живее 65,3 отсто од резидентното население, 23,8 проценти не стапиле во брак

Попис 2021: Во брачна задница живее 65,3 отсто од резидентното население, 23,8 проценти не стапиле во брак

Во Албанија повеќе пријавени од Македонија за гласање на изборите во Бугарија

Во Албанија повеќе пријавени од Македонија за гласање на изборите во Бугарија

Поскапе пајак-службата во Центар

Поскапе пајак-службата во Центар

АРСОВСКА ДОБИ ЗАМЕНИК, ова е новиот заменик градоначалник

АРСОВСКА ДОБИ ЗАМЕНИК, ова е новиот заменик градоначалник

Коко детско штедно осигурување: За сигурна иднина и исполнети соништа

Коко детско штедно осигурување: За сигурна иднина и исполнети соништа