20 Април, 2024
0.0271

МУСЛИУ ЗА ФАКТОР: Изборите нема да се повторат, и СДСМ и ДУИ оставија прозорче за компромис

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Очекувањата се дека Влада секако ќе се формира, а теоретски најневозможна варијанта е повторување на изборите.

Ова е размислувањето на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу дадено за Фактор, во период кога се уште не е официјално познат бројотна мандатите кои политичките партии ги освоија на последните предвремени парламентарни избори.

Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, според првичните неофицијални резултати од ДИК, освои тесна победа на предвремените избори што се одржаа вчера. 

Според Државната изборна комисија, „Можеме“ имаат 46 мандати, два повеќе од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кои освоија 44 пратенички места, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат. ДИК најави дека попрецизни информации за распределбата на мандатите која се врши според Донтовиот модел, ќе соопшти денеска.

„Не мислам дека ќе се повторат изборите. На сите им е преку глава од избори, а на граѓаните најмногу“, вели Муслиу за Фактор. 

Како би се формирала Влада меѓу СДСМ и ДУИ, со оглед на ултиматумот што пред изборите го поставија интегративците, а тоа е да мора да се постави Албанец премиер.

„Ако внимателно сме ги следеле изјавите на лудерите на СДСМ и на ДУИ, Зоеран Заев и Али Ахмети, ќе видиме дека сите оставија макар по едно мало прозорче за постигнување компромис. Факт е дека изборниот резултат што го постигна ДУИ, му дава за право да ја зголеми својата фактура, но не верувам дека до крај ќеинсистира на позицијата за избор на премиер Албанец, поради тоа што СДСМ реално и попбеди на изборите“, вели Муслиу.

Според овој политички аналитичар, всушност финалните бројки што ќе се искристализираат за бројот на мандати и кои официјално ќе бидат соопштени од ДИК, ќе ги одредат финесите на сите натамошни преговори во наредните денови. 

„Ако се има предвид дека Алијанса според неофицвијалните податоци има 11 до 12 пратенички места, и ако кај нив бројот на мандати се зголеми, а се намали кај ДУИ, на пример за еден пратеник, и заедносо едниот мандат на ДПА, сето тоа ќе влијае на позициопнирањето во преговорите што ќе се водат“, објаснува Муслиу. 

Но, како што вели овој аналитичар, во секој случа верува дека ќе има договор за Влада.

Постои и една опција, која е речиси невозможна, а тоа е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го прифати условот за Албанец премиер, можно е и тие две партии да прават Влада, односно „приказната би била готова“. 

Но, со оглед на фактот што Мицкоски децидно кажа дека тој ултиматум нема да го прифати, Муслиу оваа алтернатива ја смета како невозможна. 

Така што, Муслиу заклучува дека повторување на изборите нема да има, односно само е можно прегласување на некои избирачки места ако за тоа се утврди потреба, но како и да е, Влада ќе се формира. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите