МВР: 444 прекршоци за неносење маски
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020
Во текот на изминатото деноноќие (06/07.07.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 444 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.