20 Април, 2024
0.0278

МВР бара кој од кочанската болница му се јавил на синот дека неговата жива мајка е почината

Објавено во: Македонија 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

МВР ќе ја истражува информацијата од Општата болница во Кочани од каде што прво на Благојче Дончев му било кажано дека неговата мајка е почината и да организира погреб, по што се испоставило дека жената е сепак жива.  Полицијата истражува кој од болницата му се јавил на Дончев и му го превртел животот наопаку.

Во попладне поради сериозни здравствени проблеми таа била однесена во кочанската Општа болница, ачленовите на нејзиното семејство добиле известување за случајот по што почнале подготовки за погреб, но кога со погребен оператор отишле да го подигнат телото на жената дознале дека таа е жива.

-Мојата 58-годишна мајка има прележано два мозочни удари и поради влошување на здравствената состојба побаравме итна медицинска помош, по што ја однесоа во болницата. Вечерта ни јавија дека починала, поради што ги известивме роднините и пријателите, купивме погребна опрема, обезбедивме гробно место и испечативме некролози. Утредента кога отидовме да ја земеме од болницата ни рекоа да почекаме додека најдат на кое одделение починала. Ја најдовме на интерно, но нè известија дека е жива, истакна синот Благојче Дончев.

Од Општата болница во Кочани го потврдија случајот и најавија дека ќе има интерна истрага.

Донев за ТВ24 рече дека оние што му ја соопштиле веста му рекле и кој погребен оператор да го повика, но тој ги одбил и се јавил на  друг.






Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра