Спасовски:МВР нема обврска да знае каде е Јанева, без налог од суд или обвинител
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2019
Министерството за внатрешни работи не знае каде се наоѓа Катица Јанева, бидејќи нема обврска да го следи движењето на секој граѓанин, истакна министерот, Оливер Спасовски во Прилеп.
Министерот при својата посета во градот под Марковите кули и присуството на Советот за превенција рече дека Прилеп е безбеден, во градот е мирно и стабилно и граѓаните да бидат спокојни. А МВР работело со полна пареа за расчистување на случајот со двете бомби кои го вознемирија градот.
Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали знае каде е специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева рече дека Министерството за внатрешни работи без налог од надлежен суд или обивнител нема обврска да знае каде се граѓаните на државата.