МВР потврди: Лекар нападнал лекар во кумановската болница
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2020
Лекар во Интерното одделение во Болницата во Куманово бил физички нападнат од негов колега. За случајот извести денеска полицијата. Вчер алекарот сведочеше и самиот.
„На 26.09.2020 во 09.07 часот во СВР Куманово, лекар во Интерно одделение при болницата во Куманово пријавил дека бил физички нападнат од негов колега, соопшти МВР.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.