МВР СО ДЕТАЛИ: 386 граѓани не носеле маски, 154 де движеле во полициски час
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2020
Во текот на изминатото деноноќие, односно 6 јули, на територијата на земјава, на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
„Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, велат од Полицијата.
По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени, односно лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.