25 Април, 2024
0.0296

МВР со одговор до НСП: Проблемите на полицијата се решаваат

Објавено во: Македонија 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Откако Независниот синдикат на полицијата излезе со остри обвинувања до министерот Спасовски дека не презема конкретни чекори за решавање на проблемите со кои се соочуваат полициските службеници, од МВР излегоа со одговор дека ќе има решение на сите состојби. МВР ќе се снабди со соодветна опрема и униформи за сите полицајци кои ќе може без пречки да ги извршуваат професионалните задачи.

Министерството за внатрешни работи го поздравува интересот на Независниот полициски синдикат, во соработка со раководството на МВР, да работат заеднички на подобрување на условите за работа на полицајците. Во министерството се затекнати многу проблеми кои биле наталожувани изминативе години и за кои ниту постоел ниту се пројавувал интерес јавно да се говори. Почнувајќи од сериозни аномалии во материјално-финансиското менаџирање со институцијата, бројни проблеми во организационо-кадровскиот дел, евидентно инфраструктурно и техничко уназадување, катастрофални стандарди и услови за работа и друго, велат од МВР.

„Досега пет објекти веќе се предадени во употреба. Исто така во поглед на елементарните потреби за нормално функционирање на полицајците се започна со набавка на нова и комплетна полициска опрема која што етапно и согласно посебните планови во рамки на организационите единици ќе стигне до секој полициски службеник“ стои во реакцијата.

Од МВР велат дела промени се започнати и во многу други сфери, но притоа примарно е што во министерство единствено простор им се отстапува на професионалците и добро обучени лица и нема простор за оние кои својата некомпетентност сакаат да ја скријат зад било каква организација.

ОД МВР информираат и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во изминатиот период имаше неколку средби со претставниците на Независниот синдикат.

„Раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на синдикатот бидејќи тоа е во интерес на сите вработени во МВР“, се вели во реакцијата упатена кон НСП.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“