МВР тврди дека малиот Михаил е пронајден веднаш по пријавата
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019
Момчето кое според наводите на неговата мајка исчезнало утрово е пронајдено.
Од МВР за Фактор го потврдија случајот кој како молња утрово ги обиколи социјалните мрежи ширум државата.
Од МВР образложија дека детето по име Михаил е најдено веднаш по пријавата и е добро.
Првично мајката на Фејсбук побара помош да и се пронајде детето опишувајќи го каква облека носело утрово кога тргнало на училиште.