МВР: Внимавајте - измамници ви ги земаат возилата, пари никогаш
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020
Ги терале да склучат и да потпишат нотарски договори за продажба на автомобилите, ама парите за возилото не ги добивале. Граѓани биле изманипулирани од страна на измамници и вакви слични дела се с епочести, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
„При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист, велат од МВР.
Оттаму додават дека преземаат засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираат до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.