28 Март, 2024
0.0269

МВР ВО АКЦИЈА: Тинејџери разбојници напаѓале во продавници и одземале дневни промети

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во акција на полицијата е откриена разбојничка група која оперирала низ Скопје.

За ова денеска информираа од МВР од каде што велат дека се поднесени кривични пријави за делото  „разбојништво“ и тоа за тројца 18-годишници, еден деветнаесет годишник и еден на 17 години.

Кривичните дела младите тинејџери ги направиле во последните два месеци.

Првото разбојништво го направиле во  во продавница на ул. „Козле-1“ во Скопје каде што со закана со безбол палка и нож од вработените го одзеле дневниот промет од околу 16.500 денари, а втората во маркет на ул. „Рузвелтова“ во Скопје каде со закана со безбол палка одзеле околу 30.000 денари и 30 кутии цигари.

Потоа, на сличен начин околу 21.55 часот во самопослуга на ул. „1“ во Ново Село, скопско од вработената го одзеле дневниот промет од околу 11.000 денари. 

Меѓутоа, информациите на МВР велат дека истите тие на 03.02.2018 година околу 19.30 часот во мини маркет во с.Визбегово, скопско, со закана со безбол палка и нож од вработената го одзеле дневниот промет од околу 30.000 денари и неколку кутии со цигари, а пет дена подоцна односно на 08.02. околу 20.30 часот извршиле разбоjништво во продавница на ул. „Борис Сарафов“ од каде што го одзеле дневниот промет во висина од 20.000 денари. На 10.02.2018 година околу 18.30 часот во продавница во Радишани, скопско, пријавените со закана со пиштол од вработената го одзеле дневниот промет од околу 20.000 денари.

При извршените претреси во нивните домови се најдени  предмети од интерес на истрагата а пријавените ги признале делата при приведување во полиција.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија