НА 15 ЈАНУАРИ ЌЕ БИДЕ „ЖЕШКО“ ВО СОБРАНИЕ: Што најави Џафери?
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2018
15 јануари е датумот на кој најверојатно ќе се гласаат уставните измени.
Јавните дебати за нацрт амандманите завршуваат денеска во градовите Штип и Тетово, а според најавите на собрансикиот спикер најверојатен датум кога ќе ја закаже пленарната седница го посочи 9 јануари, односно 15 јануари, кога треба да се случи гласањето за уставните измени.
Очекувањата на Џафери се владата да ги достави до Собранието за потоа на 17 декември да ја свика комисијата за уставни прашања каде ќе може пратениците да предложат амандмани на амандманите.
Сепак за да поминат уставните измени во Собранието треба да гласаат две третини од пратениците.