На 15 јули ќе може да се подигнат лични карти
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020
Лични карти ќе се издаваат и на денот на изборите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, во периодот од 7 до 19 часот.
Од МВР потенцираат дека целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас.
Во среда ќе гласаат нешто повеќе од 1.8 милиони гласачи.Ќе се гласа од 7 до 21 часот.
Денеска гласаа луѓето во изолација и позитивните на коронавирусот.