25 Април, 2024
0.0462

На 6-ти мај Скопје ќе бие во ритамот на Виз Ер Скопски маратон

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

14-от Виз Ер Скопски маратон повторно ги урна своите рекорди со преку 10.000 пријавени од 58 земји од светот. Тие ќе ги заземат своите позиции на стартот на патеката на 6-ти мај во 08.30 часот и со самото свое учество уште еднаш ќе потврдат дека Виз Ер Скопски маратон е најпопуларниот спортски настан во Македонија и пошироко. Самата популарност на манифестација оваа година ќе е надградена со присуството на ексклузивната гостинка, светската рекордерка, Пола Редклиф.

Пола на прес конференцијата организирана во Парк Хотел и Спа упати порака до сите инволвирани истакнувајќи „Им посакувам на сите учесници многу среќа и успех. Сигурна сум дека ќе има преубава забава и уживање на Виз Ер Скопски маратон.“.

„За потребите на организацијата на маратонот Градот Скопје обезбеди логистичка и финансиска поддршка. Сите јавни претпријатија на градот се ставени на располагање да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри. Ги повикувам граѓаните на Скопје, во недела, на 6 мај, да излезат во што поголем број да им дадат силна поддршка на своите фаворити. На учесниците на Виз Ер Скопски маратон 2018 им посакувам успешни трки, добра забава, дружење и нека победат најдобрите.“, рече Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје. Тој додадедека во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери кои се грижат маратонот да помине во најдобар ред и за нивниот труд тој испрати најискрена благодарност затоа што тие значително придонесуваат за растечката популарност на Виз Ер Скопски маратон.

„Како институција одговорна за креирање младински и спортски политики и поддршка на развојот на спортот, во секој од чекорите кои ги преземаме, Агенцијата за млади и спорт на некој начин ја достигнува посакуваната цел а тоа е да се омасови маратонското трчање, да се стекнат спортските навики и промовираат здравите стилови на живеење.“, изјави Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

„Цела година жителите на Скопје ги гледаме растрчани низ градот, не само на денот на маратонот. Некои трчаат во парк, некои покрај Вардар, некои на тротоар. Ни преставува најискрено задоволство тоа што успеваме да ги обединиме сите тркачи и со нив да се дружиме барем еден ден во годината. На некои од нив тоа им е малку, па своите тркачки желби ги исполнуваат и на маратоните во странство. Таа промоција на Виз Ер Скопски маратон е најзначајна. Кога нашите тркачи посетуваат други метрополи и патеки и кога луѓето од другите држави од цел свет доаѓаат кај нас. Тука разменуваме многу интересни енергии и искуства кои никогаш не се забораваат.“, порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

„Несомнено Виз Ер Скопски маратон расте низ годините. Секој чекор кој се презема од страна на организаторите е чекор кон воспоставување на култен статус кој веќе се гради врз традицијата на Виз Ер Скопски маратон. За остварувањето на ова сакам да им се заблагодарам на сите учесници, покровители и поддржувачи затоа што без нив овој настан немаше да биде тоа што е денес“, додаде Ѓорги Кузмановски, Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Од организацијата информираат дека подигнувањето на стартните пакети за Виз Ер Скопскиот маратон 2018 е на 4-ти и 5-ти мај во Парк Хотел и Спа од 10.00 до 19.00 часот. Воедно во сабота, 5-ти мај, Виз Ер Скопски маратон во склоп на „Проект Среќа“ се организира и хуманитарна Pasta party од 18.00 до 21.00.

Виз Ер Скопски маратон константно се надградува и оваа година како дел од настанот се вклучија македонските радија, познати ДЏ-и, бендови и оркестри со цел да ја збогатат целата патека со музика и забава. Неодамна беше пуштена во употреба и новата мобилна апликација за Виз Ер Скопски маратон на која секој заинтересиран може да ги следи своите омилени тркачи во живо. Истата може да се симне на следниов линк:

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.skopjemarathon

Во склоп на Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи и Детски мини маратон во сабота, 05.05.2018, во 10.00 часот во општина Аеродром во парк „Авион“. Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка