На албанско – македонската граница спречен шверц на 200 килограми марихуана
Објавено во: Македонија 06 Август, 2020
Спречен е шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“ кај Дебар.
Во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја стои дека дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел
„Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Северна Македонија“, се наведува во соопштението.
Акцијата е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.
Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин.