25 Април, 2024
0.0280

НА ЕУ И СЕ ЗАКАНУВА БАНКРОТ?! НАЈГОЛЕМАТА ГЕРМАНСКА БАНКА ЗА ЕДЕН ДЕН ИЗГУБИ 15 ПОСТО ОД ВРЕДНОСТА: Невиден земјотрес во финансискиот сектор!

Објавено во: Економија 26 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Најголемата германска банка Дојче банк загуби дури 15 отсто од вредноста по големиот пад на цените на акциите на берзите, што дополнително ја разниша довербата на инвеститорите во финансискиот сектор!

Банката загуби три милијарди долари во вредност и цената на нејзината акција падна на 8,13 долари. Поради потресот во финансискиот сектор мораше да реагира и германскиот канцелар Олаф Шолц.

НИКОЈ НЕ РИЗИКУВА

Се зголемува стравот од домино ефект и банкрот на Дојче банк, пишува Гардијан, особено по колапсот на три американски банки пред две недели и итната интервенција во Швајцарија. Тогаш најголемата банка во земјата USB беше принудена да ја купи Kredi suis, втората по големина банка во земјата, и да го спаси својот конкурент од колапс. Индексот на Euro Stoxx банка падна за 4,6 отсто, а британскиот банкарски индекс загуби на берзата за 3,7 отсто. Пад на вредноста на акциите забележаа и германската Комерцбанк и француската Сосиете Женерал - за девет, односно седум отсто.

- Сите се претпазливи и никој не сака да ризикува во оваа средина. Ситуацијата е нестабилна и рано е да се каже дека работите ќе се смират - изјави за Ројтерс Јан фон Герих, главен аналитичар на Нордеа.

Шолц е убеден дека нема причина за грижа

Германскиот канцелар Олаф Шолц зборуваше за да ја увери јавноста која е загрижена за тоа што се случува на пазарот:

- Дојче банк суштински го модернизира и реорганизираше својот деловен модел и е многу профитабилна банка. Нема причина да се грижиме за ништо – изјави Шолц.

Меѓутоа, и американскиот претседател Џо Бајден пред неодамнешниот колапс на три американски банки изјави дека нема причина за загриженост. Подоцна се покажа дека тие биле банкротирани, а федералните власти не дале гаранции за улогите на граѓаните.

По правило, клиентите и инвеститорите реагираат врз основа на гласини, поради што дури и банките со добри показатели можат да се најдат во големи проблеми. И Bank of Silicon Valley во САД и Credit Suis немаа проблеми со ликвидноста, но паднаа поради паника кај инвеститорите и депонентите.

Дојче банк

Специфичноста на оваа банкарска криза е што најголема паника создаваат големите штедачи чии сметки го надминуваат максималниот износ на осигурени заштеди, а на ова реагираат инвеститорите во обврзници и банкарски акции.

ТУРБУЛЕНТНА НЕДЕЛА

Падот на вредноста на акциите дојде на крајот на турбулентната недела и покрај обидите на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард да ги уверат инвеститорите и јавноста дека банкарскиот систем е стабилен .

- Банкарскиот сектор во Европа е отпорен бидејќи има силна позиција на капитал и ликвидност. На сите ги применивме регулаторните реформи договорени на меѓународно ниво по светската финансиска криза. Целосно сме опремени да обезбедиме ликвидност на финансискиот сектор во еврозоната доколку е потребно – рече Лагардова.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?