На Европа и се заканува рецесија: Орбан повика на укинување на енергетските санкции на ЕУ против Русија до крајот на годината
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2022
Енергетските
санкции на Европската унија против Русија мора да бидат укинати пред крајот на
годината, бидејќи им нанесуваат поголема штета на самите европски земји. Според
весникот „Мајар Немзет“, унгарскиот премиер Виктор Орбан го искажал ова мислење
на средбата со членовите на парламентарната фракција на владејачката партија
ФИДЕС.
Според споменатиот весник, шефот на владата истакнал дека во ноември ќе има вистинска политичка можност да се преиспитаат санкциите воведени кон Русија поради настаните во Украина.
Затоа ги повика членовите на неговата фракција да направат се за Европа да ги укине овие санкции најдоцна до крајот на годинава, пишува „Мајар Немзет“.
Орбан нагласи дека доколку се укинат санкциите, цените веднаш ќе се намалат за половина, а инфлацијата ќе се намали.
Тој е убеден дека без санкции европската економија ќе закрепне и ќе ја избегне заканата од рецесија.
Според него, кога овие санкции биле воведени на почетокот на летото, бирократите од Брисел ветиле дека тоа ќе влијае на Русија, а не на луѓето од Европа. Оттогаш стана јасно дека воведените санкции се повеќе штетни за Европа отколку за Русија“, го цитира Орбан „Мајар Немзет“, а пренесува „ТАСС“.
Фото: Youtube - screenshoot