На граничниот премин Табановце се чека околу половина час
Објавено во: Македонија 25 Август, 2019
Авто мото сојузот на Македонија ги информира возачите дека утрово сообраќајот на државните патишта се
одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е
зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце каде времето
на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични
премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од
државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената
сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на
патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава
на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово –
Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.