На Хан не му се допаѓаат условите на Бугарија кон Македонија
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019
На Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан не му се допаѓа идејата Бугарија да и наметнува услови на Македонија во текот на преговорите за зачленување на земјата во ЕУ, според последните изјави што ги даде за МИА:
Според Хан, преговорите и отворањето на поглавјата не треба да се користат за решавање на билатерални спорови. Ваквото мислење доаѓа откако бугарското Собрание и Влада дадоа зеено светло за стартот на преговорите на Македонија со ЕУ, но со услови за кои ќе се бара понатаму да бидат исполнети.
– Но, ова е исто така прашање каде можам само итно да ги повикам нашите земји членки да не го употребуваат процесот за билатерални прашања, ако тоа биле случај, тогаш ова никаде не води – истакна комесарот Хан.
Тој додаде и дека консензусот за доделување на датум за пристапни преговори во процесот на проширување не треба да се води со целосен консензус, односно да се остави простор за прогрес ако една или две земји-членки идат против.