На Хрватска и фалат 16 000 работници - добредојдени се и ученици
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2018
На берзата на работна сила се регистрирани 137 илјади невработени работници - а така мал број невработени последен пат е забележан во Хрватска пред 30 години, во летото 1988 година.
Затоа не чуди што нема население крај брегот кое не бара работник повеќе, а добредојдени се и средношколци и студенти само за да се истурка сезоната чиј врв се очекува во наредните месец дена.
Вработеноста во земјата во последните година дена пораснала за 29 илјади, а во однос на состојбата која ја имале пред влез во ЕУ пред пет години, денес во Хрватска се вработени 55 илјади работници повеќе.
Како што пишува Вечерњи лист, моменталната побарувачка за работници и понатаму е висока па на државната берза се огласени околу 16 илјади слободни работни места. Четири од пет барани занимања воглавно се со сезонски карактер, додека возачите со дефицитарен тек цела година бидејќи над илјада работат за странски шпедитори.
Со факултетската диплома меѓу десет најбарани занимања се наоѓаат само дипломирани економисти кои и понатаму се барани без разлика на тоа што низ државните и приватни економски фаултети, високи училишта и стручни студии секоја година излегуваат на пазарот околу пет илајди економисти од различни насоки и дипломи.
Извор/фото: Пословни.хр