На изборите во Гренланд победија опозициските партии за независност

Објавено во: Свет 12 Март, 2025 10:15
Демократит, опозициската партија која се залага за постепен пристап кон независноста на Гренланд од Данска, обезбеди 29,9 отсто од гласовите на парламентарните избори, што е голем скок од 9,1 отсто што ги освои на изборите во 2021 година.
Изборите се одржаа во атмосфера поттикната од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот, кој е полуавтономна данска територија.
Вториот најдобар резултат го постигна уште една опозициска партија, Налераг, која освои 24,5 отсто од гласовите. Таа се залага за најбрз можен процес за стекнување независност и одвојување на Гренланд од Данска.
„Луѓето сакаат промени... Ние сакаме повеќе работни места за да ја финансираме нашата благосостојба“, рече Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократит и поранешен министер за индустрија и минерали.
„Не сакаме независност утре, сакаме добри темели“, изјави Нилсен во Нук.
Сега ќе разговара со другите партии за да се обиде да формира владејачка коалиција.
Владејачката партија Инуити Атакатигиит и нејзиниот партнер Сиумут, кои исто така следат бавен пат кон независност, освоија вкупно 36 отсто од гласовите, што е голем пад од 66,1 отсто што ги освоија пред четири години.
Можеби ќе ве интересира
ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ОГРАНИЧИ ПАТУВАЊЕТО ВО САД ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД 41 ЗЕМЈА: Еве кој е на списокот поделен во три групи

„УКРАИНА НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРОВОЦИРА НЕКОЈ ПОСИЛЕН“: Трамп смета дека и најдобрата воена опрема не ѝ е доволна на Украина против Русија

ИМА НАЧИН ДА СЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРА: Зеленски даде предлог

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА, УЛИЦИ ПОД ВОДА: Поплави погодија делови од Италија

САД Е НА ПОТЕГ: Украина е спремна да потпише за минералите

СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТРАНЦИТЕ: Путин издаде забрана за Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

ОДМОР ЗА ЕДНО ЕВРО: Италијански град има конкурс, ќе ги награди најкреативните видеа

ТРАМП ЗБОРУВАЛ СО ПУТИН: Го замолил за една работа врзана за Курск

КАКВА КАТАСТРОФА ЗА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР, ЏОН ХОПКИНС: По ударот од Трамп, универзитетот ги гаси истражувањата и работните места
