На Јанева и се слоши во капела
Објавено во: Македонија 22 Август, 2019
Обвинителка Катица Јанева, утрово со полициска придружба од затворот Шутка е однесена во Гевгелија на погребот на својата мајка.
Денеска повторно ѝ се слошило на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, па не се придружила на погребната поворка, туку полицијата ја вратила назад во затворот, објави Плусинфо. Јанева не успеала да оди на гробиштата.
И вчера беше повикана Брза помош додека Јанева беше во Кривичен.
Јанева синоќа замина во 30. дневен притвор за случајот „Рекет“.