20 Јануари, 2020
0.0308

На Кирацовски му олесна што торбата не завршила кај Заев и го испровоцира Героски

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019

По три дена од новите снимки поврзани околу аферата „Рекет“, на истиот јутуб канал се појавија нови аудио записи. На нив повторно се слуша глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, кој кажува дека торбата со парите не завршила кај премиерот Зоран Заев, а во еден момент се слуша „Геро ќе ги пласира сега“.

На ова веднаш реагираше пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, кој подолг период се препукува со уредникот на Плусинфо, Бранко Героски, не пропушти да го испровоцира.

- Орце: „Ова вака од Софија ќе иде, дагау, право кај Геро, Геро ќе ги пласира сега“ Јавноста ги очекува одговорите, напиша поранешниот генерален секретар на СДСМ на својот профил на Фејсбук.

Героски исто така реагираше на социјалните мрежи и при тоа наведе дека не знае на што точно мислел бизнисменот Орце Камчев кога во „бомбата“ вели „Геро ќе ги пука сега“.

„Tочно е, сите ќе ги „пукам“, ама „бомби“ ниту сум „пукал“, ниту ќе „пукам“! Не знам на што точно мислел бизнисменот Орце Камчев, кој во најновите снимки вели „Геро ќе ги пука сега“ и „Геро ќе биде“. Ако се мисли на жестоко критикување на власта, но и на другите (на сите, практично), како што е познато, јас и досега жестоко ги „пукам сите“ и допрва ќе ги „пукам“. Јас ја отворив аферата „Рекет“, јас ја критикував и претходната власт за криминалите и корупцијата, а ја критикувам и сегашната власт за истите зла, оти не гледам причина зошто би требало да биде поинаку. Во таа смисла, да, Геро беше и Геро ќе биде тој што нема да отстапи“, вели Героски во дел од своето објаснување пред јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Две лица се степале во партиски штаб во Кисела Вода

Две лица се степале во партиски штаб во Кисела Вода

ОБЈАВА НА ПРОФИЛОТ НА 1ТВ: Jавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за „Рекет“

ОБЈАВА НА ПРОФИЛОТ НА 1ТВ: Jавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за „Рекет“

Командир од Полициска станица во Гази Баба сексуално вознемирувал полициска службеничка

Командир од Полициска станица во Гази Баба сексуално вознемирувал полициска службеничка

Триесет и тригодишник загинал откако автомобилот во кој се возел излетал од коловозот

Триесет и тригодишник загинал откако автомобилот во кој се возел излетал од коловозот

Одложени „ТНТ“, „Тендери“ и „Рекет“

Одложени „ТНТ“, „Тендери“ и „Рекет“

Заев ги договара, ама сакал и да ги растовари осуммината независни пратеници

Заев ги договара, ама сакал и да ги растовари осуммината независни пратеници

БУГАРСКО ОБВИНИТЕЛСТВО - отпадот не бил опасен, но имало железо, хартија и текстил

БУГАРСКО ОБВИНИТЕЛСТВО - отпадот не бил опасен, но имало железо, хартија и текстил

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева