24 Април, 2024
0.0320

На кого му е потешко? Заев „се бореше“ со Села и Касами, Ципрас со Каменос

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Денес точно напладне во 12 часот е закажана 75 седница на Собранието на Република Македонија каде со шест точки кои се на дневен ред започнува финалната фаза на уставните промени. Во меѓувреме премиерот Зоран Заев ги отстранува последните пречки за обезбедување на двотретинско мнозинство, колку што е потребно да се исполни најтешкиот услов од Преспанскиот договор.

Откако Заев прифати дел од амандманите на Алијанса за Албанците, синоќа тој и министерот за надворешни работи Никола Димитров имаа средба со заменик-претседателот на движењето Беса, Фадил Зендели, на која се приближени ставовите по прашањето за државјанството во личните документи.

Заев и Димитров изразија подготвеност да го прифатат барањето на Беса во личните документи на албански јазик граѓанинот да е запишан само како "државјанин на Република Северна Македонија", додека на македонски јазик останува државјанство "македонско / граѓанин на Република Северна Македонија".

Заев, по прибижувањето на ставот со Беса и произлегувањето на овој предлог, се очекува за истиот да разговара со групата на исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку премиерот веќе може да смета на гласовите на Алијансата на Албанците, откако Заев и Села претходно се договорија во Преамбулата да се избрише цитатот за дијаспората „граѓаните кои што живеат надвор од границите“ и наместо неа да се набројат сите етнички заедници.

Во меѓувреме, грчкиот премиер Алексис Ципрас денес контактираше со министерот за одбрана Панос Каменос и побара од него да се состанат во петокот.по новите закани на лидерот на Независни Грци дека ќе ја сруши владата ако поимот „Македонија“ остане во „името на северниот сосед“.

По ваквиот развој на настаните, Каменос, кој е водач на помалиот коалиционен партнер на Сириза, го одложи најавеното телевизиско интервју.  Според информациите, одложувањето било побарано од страна на премиерот Ципрас, со цел средбата да не ја засени посетата на германската канцеларка Ангела Меркел во Атина и да се избегне евентуален судир што би бил непријатен пред високиот политички гостин.

За денес, пратеничката група на Независни Грци ќе се сретне со почеток во 10 часот, но партиски извори велат дека нема да биде одлучено партијата да се повлече од владата, но дека ќе се постави план за претстојните параментарни избори.

Каменос ги даде своите коментари само неколку дена пред стартот на поседната фаза од уставните измени. Истовремено Ципрас го чека исходот од Скопје, по што се очекува брза разрешница и во грчкиот парамент со ратификацијата на Преспанскиот договор.

Можеби ќе ве интересира

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип