На кого Заев вети дека ќе одржи економска лекција?
Објавено во: Економија 26 Јуни, 2019
Ветив економска лекција, ќе ја одржам, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Собранието, одговарајќи на критиките на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
„Враќање нема. И знаете што ќе значи тоа? Тоа ќе донесе 4 нови години опозиција на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.
За ветените 500 евра просечна плата во Македонија, Заев кажа дека токму затоа влегува во финансии и дека тоа ветување и ветувањето кон пензионерите, ќе го реализира. Премиерот вети дека 2020 ќе биде година на економијата.
Заев додаде дека ќе раководи со Министерството за финансии, до изборот на нов министер, откако Драган Тевдовски е сменет со реконструкцијата на Владата.
Белизе е единствената земја во светот каде премиерот е и министер за финансии, но овој премиер е најспоменуван за криминал и корупција, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.