На кој начин Косово ја спасува албанската економија?
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2019
Косово ја спасува албанската економија со воведната царина за српските производи, наведува тиранската телевизија Ора Њуз.
Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) потврдуваат дека албанскиот бизнис се повеќе наоѓа терен на косовскиот пазар. Извозот од Албанија кон Косово кој постојано бележи раст, во април е повисок за 70,4 отсто, додека во првите четири месеци за 52 отсто, споредно со истите периоди лани.
Албанија во Косово најмногу извезува руда, нафта и градежни материјали. Косово веќе е на второто место на листата на трговски партнери на Албанија.
За четири месеци, извезените производи достигнале вредност од 8,9 милијарди леки (72,4 милиони евра).
Од друга страна албанскиот извоз кон други земји се намалил.