На кој политичар Емир Костурица ќе биде советник?
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2018
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека неговиот прв потег во Сараево ќе биде назначувањето на режисерот, Емир Кустурица како советник.
Во интервју за весникот „Вечерње новости“, тој рече и дека меѓу првите чекори ќе биде измена на Деловникот за работа на Претседателството на БиХ, но и поставување на знамето на Република Српска во зградата на Претседателството.
„Мојот основен кабинет, како српски член на Претседателството ќе биде во источно Сараево, во административниот центар на Република Српска. Таму ќе ги извршувам моите должности. Кога ќе има состаноци во Претседателството на Босна и Херцеговина, ќе видиме. Ако во Претседателството нема знаме на Република Српска, седници ќе одржуваме преку линк“- вели Додик.
За тоа дали очекува притисок од другите двајца членови на Претседателството за членство на БиХ во НАТО, Додик кажа дека нема ништо од тоа, односно дека доаѓа предвид соработка преку Партнерството за мир.