24 Април, 2024
0.0364

На кој трговски гигант му се спрема стечај

Објавено во: Економија 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Оди ли во заборав трговскиот гигант „Технометал Вардар“ , компанија што своевремено го остваруваше целиот македонски извоз е доведена на дереџе Одборот на директори да достави до судот барање за отварање предстечајна постапка. Дали „Технометал Вардар“ уште ги има 8.500 квадратни метри деловен простор на улица „Македонија“? И дали таа квадратура ќе ја продаваат банките или стечајниот судија?

Скопскиот суд во средината на јули отвори предстечајна постапка за утврдување услови дали ќе биде прогласен стечај за поранешиот македонски трговски титан „Технометал Вардар“, ова е дел од информација што е достапна на веб страницата на Македонската берза, а нејзин креатор е „Технометал Вардар“. Многу е важно тоа што подносител на барањето за стечај е Одборот на директори на „Технометал Вардар“.

Дали во иднина ќе видиме распродажба на деловниот простор на улица „Македонија“ во епицентарот на Скопје? Станува збор за 8.500 квадратни метри деловен простор што оваа компанија некое време наназад го издава под закуп. Веројатно овој простор ќе оди на продажба доколку претходно некоја или некои деловни банки немаат право на хипотека од прв ред врз имотот на компанијата. Веројатно дека можностите да се избегне стечајот се исцрпени што Одборот на директори поднел барање за отварање на предстечајна постапка.

Фактор неодамна пишуваше и на тема Ревизијата крена раце од „Технометал Вардар“

Од 8 февруари годинава оваа компанија работи со блокирана жиро сметка. Спроед достапните податоци друштвото за првите шест месеци не работи речиси ништо затоа што има пад на приходите од продажба за 90 отсто во однос на првото полугодие лани.

„Технометал-Вардар“ е компанија специјализирана за трговија која во минатото беше синоним за македонскиот извоз. Во осумдесетите години од минатиот век оваа фирма настана со фузија на компаниите „Технометал“ и „Вардар“. „Технометал Вардар“ е позната по тоа што поседува околу 8.500 квадратни метри во строгиот центар на Скопје и го издава под наем. Воедно оваа компанија поседува и дворно место од 1.25 квадратни метри во центарот на Скопје и уште 1.243 квадратни метри под објект. 

Најголеми акционери во „Технометал Вардар“ се скопската фирма „Мепком“ во која содружник е познатиот бизнисмен Кочо Моцан која има 25 отсто од акциите, скопски „Уготур“ железарската компанија специјализирана за исхрана со 20 отсто од управувачките права и домашното физичко лице Душко Ангелов кој поседува 17,4 отсто од акциите со право на глас.

Што е продадено од акциите што ги имаше „Технометал Вардар“?

Во март лани на јавна берзанска аукција се нудат на продажба 82.106 акции со право на глас во „Макошпед“ со почетна цена од 157 денари за акција. Аукцијата е на барање на дирекцијата за тргување со хартии од вредност на „Комерцијална банка“ и при тоа нивен клиент нуди на продажба 10,41 отсто од акциите со право на глас во „Макошпед“. Акциите се продаваат во пакет што значи „се или ништо“. Доколку има заинтересиран купувач тој може да стане сопственик на 10,4 отсто од акциите во „Макошпед“ за 209.000 евра, доколку нема конкуретска трка за овие акции. Тоа се акциите што во „Макошпед“ ги поседуваше „Технометал Вардар“. Тие акции се продадени по почената цена на наддавање на кое имало само еден понудувач.

Претходно на почетокот на 2018 година „Технометал Вардар“ ги продаде своите акции во „Уготур“ од акционерската структура на „Уготур“. Во јануари годинава на домашно физичко лице Наташа Милева по цена од 7 денари за акција. Тоа се околу 20 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“. „Технометал Вардар“ наплати неполни 20.000 евра. Неофицијално Наташа Милева е вработена во „Фершпед“. „Фактор“ достави прашање до Драган Наков, најголемиот поединечен акционер во „Фершед“ и член на Управниот одбор дали Милева работи во таа компанија? Одговор не добивме.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава